Две лица загинаа а 21 се повредени откако автомобил влета во публика

 

Две лица загинаа, а 21 се повредени откако автомобил влета во публиката на еден фестивал за музика, филм и комедија Остин кој се одржува во американската сојузна држава Тексас.

- Инцидентот се случи на фестивалот „Југ до Југозапад“ во Остин, изјави портпароло на градската полиција, Брајан Мун и додаде дека возачот се наоѓа во притвор, а инцидентот е под истрага.

И покрај поставените барикади, возачот влета меѓу насобраните лица во публиката. Меѓу повредените има лица со полесни и со потешки повреди.

 

 

13.03.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега