Прошетката се претворила во хорор - ротвајлер нападна мајка и петмесечно бебенце од Неготино

 

Хорор го потресе Неготино. Ротвајлер кој не бил врзан и не носел заштитна маска нападнал мајка која си се шетала со петмесечното бебенце.

Според информациите на Дневник, матичниот лекар Ратко Грков од Неготино кој се погрижил за повредите со кои се здобиле мајката и детето при немилиот настан, изјавува дека кучето ја нападнало мајката додека си го шетала бебенцето во количка. Според неговите зборови, кучето најпрвин се нафрлило на бебето во количката и почнало да го влече неговото ќебенце, а мајката веднаш започнала да вреска при што кучето се свртело кон неа, ја бутнало на земјата, а откако таа инстинктивно ја подала својата рака да да го спаси своето бебе од , тој и откинал прамен од косата во широчина од 5 сантиметри, напред на главата околу челото.

- Жената кога паднала на земјата се здобила со повреда на лактот, а откако кучето и откинало прамен од главата освен страшната болка, жената се здобила и со црвенило на кожата, вели докторот Грков за Дневник.

Додека мајката се борела со кучето за да го спаси своето чедо, животното успеало да ја преврти бебешката количка, а бебето излетало од количката и се удрило по главата при што се здобило со хематом.  За среќа, целата драма ја забележале работници кои веднаш притрчале за да го оттргнат кучето од несреќната жена. Во истиот момент дотрчала и газдарицата на ротвајлерот која и самата на почетокот не можела да го оттргне, но потоа  го врзала со синџир и успеала во намерата.

- На бебето веднаш му ја исчистивме раната на главата и му направивме тинктура со која ќе се мачка за да се намали отокот. На мајката и дадов две ампули диазепам и  ја санирав повредата од откорнувањето на косата. Но дупката од недостаток на коса си остана. Таа сеуште не може да се прибере и да си дојде на себе од страв, додава лекарот.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека навистина во текот на вчерашниот ден во Неготино констатиран е прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. 47- годишна неготинчанка  додека го водела своето куче од расата „ротвајлер“ без заштитна маска , кучето нападнало жена која во моментот се шетала со своето бебе , при што се здобила со видливи повреди.
-Изготвен е записник за констатиран прекршок и ќе биде поднесен соодветен поднесок-стои во одговорот од Стојковска., пренесе Дневник.

13.03.2014 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега