Хуманитарна акција- плати за да не го слушаш Џастин Бибер

Едно американско училиште буквално ги малтретира учениците на тој начин што им ја пушта песната "Baby", која би престанала да свири само во случај да платат за тоа.

Не сакаш да те дрма Бибер грозница?  Во тој случај вложи пари за хуманитарни цели за помош на училиштето во Гани, и хоророт ќе престане. Еден од учениците за локалните медиуми изјавил дека главата ќе му експлодира од песната на Бибер.

“Песната на Бибер постојано се врти за време на паузата  за ручек или паузата помеѓу часовите како дел од хуманитарната мисија. Учениците буквално ги даваат сите свои пари само за да престане таа песна. Некои од нас може и да оглуват. Сигурен сум дека денеска испив дури пет апчиња  против болка” изјави еден од учениците.

Конор Стејклин (17) е виновник за овој начин на собирање пари за хуманитарни цели иако постана потенцијална жртва на малтретирање до крајот на животот изјави дека нема да се откаже од идејата да собере доволно пари. 

13.03.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега