Хорор: Љубоморен маж си ја задавил сопругата
Љубоморен маж од Србија во текот на вчерашниот ден си ја задавил невенчаната сопруга. Се работи за 40-годишниот Д.О. од Крушевац кој ја задавил шест години постарата Јадранка С. од Нови Сад, со која два месеци живееле заедно.
- Беше сиромашна и се сожаливме да и ја издадеме куќата за симболична цена. На почетокот живееше сама, а потоа дојде некој маж. Таа беше љубезна но не се дружеше со другите соседи, вели сопственикот на куќата каде што живеела жртвата.
Како што пренесуваат српските медиуми, вчера на работниците кои работеле пред нејзината куќа им било многу чудно зошто ја нема Јадранка која вообичаено наутро правела кафе. Затропале на вратата, а потоа влегле и ја налше легната на креветот. Кога се приближиле кон неа, таа не давала знаци на живот. Се претпоставува дека нејзиниот сопруг ја задавил поради љубомора, бидејќи мнопгу често имал љубоморни испади.
Полицијата работи на расветлување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа