ВИДЕО: Даниел Кајмакоски гостин во емисијата на Јована, сопругата на Жељко
Иако веќе кружат гласини дека тој е можниот победник во реалното шоу Икс Фактор и го споредуваат со врвни ѕвезди, сепак нашиот Даниел е скромен и останува на исто ниво со останатите финалисти.
Тој беше гостин во утринската емисија на „Пинк телевизија“, каде водители се Срѓан и Јована, сопругата на Жељко Јоксимовиќ. Даниел ги сподели своите досегашни впечатоци и очекувањата за во финалето.
Според она што го најави, првата песна со која ќе настапи на престојниот концерт во „Конбанк Арена“ на 23 март би требало да биде некоја која ќе ја опушти публиката, втората песна би требало да биде моќна балада која ќе остави најголем впечаток и на крајот, како трета песна би требало да биде некој светски хит кој ќе го заокружи финалето со надеж дека тоа ќе биде и победнички настап.
Како вистински професионалец смета дека треба еднакво труд за да се подготви и кога пее пред само тројца луѓе и пред полната арена.
За свој најлош настап ја смета изведбата на „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ, кога поради техничките проблеми го фатила паника, целосно се деконцентрирал и излегол од песната.
Со оглед на тоа што почесто пее странски песни и луѓето имаат впечаток дека не му лежат домашните песни, Даниел токму за да го докаже спротивното, решен е во финалето да пее и една домашна песна. Во продолжение погледнете го целото интервју...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа