Јацењук: Ние се бориме за суверенитет и независност- Украина нема да се предаде
По вчерашната средба со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, новоизбраниот украински премиер Арсениј Јацењук и порача на Русија дека Украина нема да се предаде а во исто време на Москва и предложи да постигне и мирен договор за Крим.
- Господине претседателе, ние се бориме за слободата. Се бориме за независноста. Се бориме за нашиот суверенитет. И нема да се предадеме, изјави Јацењук на заедничката прес-конференција со Обама.
Украинскиот премиер и предложи на Русија да ги почитува меѓународните обврски да ги повлече своите вооружени сили на Крим назад во нивните касарни и да отпочне дијалог со Киев без употреба на оружје.
Засега Обама и Јаценјук не го признаваат референдумот планиран за 16 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа