Кики Лесендриќ „удри" и по родителите на Илма

Кики Лесендриќ, менторот на Илма Карахмет која го напушти музичкото шоу Икс-Фактор, а потоа крена голема прашина со своите коментари кон Емина и тоа што не се појави на концертот на својот ментор, е разочаран од постапките на својата кандидатка и изјави дека таа е последната со која би работел.

- Како музичар и пејач секогаш би помогнал на секој кој има добар глас и талент, без разлика кој е во прашање. Со самото тоа што Илма беше во мојата група, ми беше особено драга, бидејќи се уште е дете. Таа има одлични гласовни способности и неспорен талент, но се останато нема. За да бидеш ѕвезда и да го имаш тој фамозен Х-Фактор, м

ораш да се родиш со тоа, тоа не се стекнува, а Илма е најдобар пример за тоа. Сите големи ѕвезди кои ги познавам никогаш не би покажале суета, разочарување или недолично однесување. Но, Илма тоа го покажа веднаш штом испадна. Беше видно разочарана, огорчена на сите членови од жирито, публиката, продукцијата, а нејзиното заминување без поздрав докажува во што се претвори ова девојче. Додуша не ја осудувам, таа уште не е зрела, но ми смета што нејзините родители „пукаа“ на високо и веќе ја гледаа како победник. Нив им беше важна само победата и договорот кој победникот ќе го добие, вели Кики.

 

Судијата на популарното музичко шоу додава и дека родителите на Илма жаргонски кажано ја пумпаат дека е ѕвезда, што е тотално погрешно бидејќи таа мора уште многу да учи и да помине трнлив пат до ѕвездите.

13.03.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега