Пилотот на исчезнатиот авион извршил самоубиство?

 

Шефот на американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан изјави дела малезиските власти ја преиспитуваат теоријата дека пилотот на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ извршил самоубиство.

Теоријата на самоубиство би можела да објасни како авионот „исчезна“ од радарот кој го следеше неговото движење. Тоа би било можно ако пилотот намерно го исклучил уредот за пренос на електронските сигнали вели Бренан не исклучувајќи ја ни можноста за терористички чин .

- Во моментов има премногу шпекулации кои не се потврдени, ниту пак, поткрепени со докази  - рече тој , додавајќи дека постојат многу прашања на кои засега нема одговор, на пример, дали или каква улога имале патниците со украдени пасоши.

Да потсетиме дека малезиската авио- контрола соопшти дека последните зборови на пилотот на “боингот 777” биле “во ред- добра ноќ”.

Ова го изговорил пилотот при преминување на виетнамскиот воздушен простор, по што исчезна без трага што е тесно поврзана со новото верување дека трагедијата се случила поради самоубиство или небрежност на пилотот.

13.03.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега