Возат како „луди" и без дозволи - шест сообраќајки на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди во кои со повреда се здобиле три лица, додека три поминале само со материјална штета.

Полицијата постојано демне на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден се откриени и санкционира 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите и седум возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на возачката дозвола.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат возачи кои сториле прекршоци по различни основи, односно брзо возење, користење мобилен телефон, не користење сигурносен појас или, пак, непрописно престројување. Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ на подрачјето на општина Кисела Вода.

 

13.03.2014 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега