ФОТО: Дали е ова исчезнатиот малезиски авион?
Компанијата „Дигитал глоуб", која во вселената поседува неколку сателити кои Земјината површина можат да ја снимаат со висока резолуција, се вклучи во потрагата по исчезнатиот малезиски авион.
Веднаш по несреќата ја покренаа страницата „Tomnod" која од час во час уфрлува фотографии кои посетителите можат да ги пребаруваат. Корисниците можат да остават коментар на фотографијата доколку забележат нешто што би укажало дека претставува дел од авион или некој друг сомнеж врзан со можното место на несреќата, а Мајк Сибергер оставил коментар за глетка која потсетува на авион.
Боингот 777 на „Малезија ерлајнс" со 239 патници и членови на посадата исчезнаа без трага во саботата навечер. Еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг, последен пат е виден на границата на Виетнам и Малезија, а потоа се губи од радарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа