Случај Монструм: Видео од мртви луѓе и крвави тела на деца кај обвинетите
Крвави мртви тела, снимки од обука на муџахедини и маскирани војници со црни шалови се дел од доказите кои биле изведени на судењето за случајот Монструм во скопскиот Кривичен суд, пишува Вест.
„Снимките полни со радикално исламистичка содржина, што се прикажуваа на видео бим во судница во Скопскиот Кривичен суд, се најдени во компјутерите на дел од обвинетите. На судењето беше присутен и преведувач од арапски на македонски јазик, оти најголем дел од содржината на цедињата беше со арапски песни и писмо“ - пишува весникот.
Вест пишува дека обвинетите снимките си ги насловиле како „Ал Каеда ги обучува муџахедините“ и „Поддржувачи на Исламот“.
„На видеата можеше да се видат документирани филмови со содржина како припадници на терористичка група тепаат и мачат цивили. Дел од содржината на видеата беше и нападот на кулите близначки во Њујорк, како и снимки од раскрвавени мртви машки тела легнати покрај тенкови и повредени деца, снимки од муслимански жени и од пискотници од Сребреница, Чеченија, Палестина и Кашмир“ - стои во текстот објавен во Вест.
Преведувач во скопскиот суд ги преведуаларапските песни во кои се истакнувало дека „Алах е голем“ и дека тие се избрани од него за да се борат. Песните го величеле Исламот и уџахедините.
''Еј брат муслиман, оди напред, се спремаме за мегдан, се бориме да ве избркаме сите'', преведуваше официјалниот преведувач од арапски јазик.
Одбраната во случајот смета дека снимките не се доказ дека обвинетите го извршиле петкратното убиство кај Смилковското Езеро
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа