Турската полиција приморана со солзавец и водени топови да ја разбие гневната толпа
Турската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстранти кои се упатиле кон истанбулскиот плоштад Таксим откако учествуваа во погребната поворка за 15-годишниот Беркин Елван.
Елван почина вчера утро во болница во Истанбул, откако помина 269 денови во кома. Според очевидци, момчето било удрено во главата од граната со солзавец, истрелана од полицијата, која се вмешала за време на антивладините демонстрации.
Момчето беше погребано денеска во Истанбул, а во погребната поворка се вклучија десетици илјади лица.
12.03.2014 - 19:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа