Оланд се закани - неприфатлива анексија би било спојувањето на Крим со Русија

Евентуално присоединување на Крим кон Русија ќе се смета за неприфатлива анексија, му изјавил во телефонски разговор францускиот претседател Франсоа Оланд на својот руски колега Владимир Путин.

Во текот на разговорот Оланд настојувал рускиот претседател да направи се што е можно за спречување на присоединувањето на украинската автономна република кон Руската федерација.

Тој нагласил дека „се уште има време да се спречи непотребната и опасна ескалација“.

Оланд истакнал дека закажаниот референдум в недела за статусот на Крим е незаконски.

Францускиот претседател потсетил и на западните предлози за решавање на кризата, со кои се предвидува повлекување на руските војници од Крим, одржување претседателски избори во Украина на 25 мај и прифаќање на новиот украински Устав со гаранции за правата на етничките Руси и можност за поголема децентрализација. 

12.03.2014 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега