Слон упаднал во собата кај што било бебето - родителите шокирани од подоцнежната слика

Додека родителите мирно си вечерале, слон им упаднал во куќата рушејќи го зидот од собата во која се наоѓала нивната десетмесечна ќерка. 

„Кога слушнавме силен удар, веднаш се стрчавме во собата и видовме срушениот ѕид и големиот слон кој што стоеше над нашето бебе“, просведочи брачната двојка од Индија. 

Додека вечервале слонот се залетал во нивната куќа и го срушил ѕицот. Деловите од истиот биле расфрлани низ целата соба, а слонот веднаш почнал да се враќа од каде што доаѓал. Тогаш се случило нешто неверојатно. Бебето почнало да плаче, а кога го слушнал слонот, тој повторно се свртел и со сурлата го тргна парчето ѕид за да го ослободи. 

„Не можевме да им поверуваме на нашите очи“, вели еден од родителите. 

Бебето веднаш било однсено во болница, а според наводите на лекарите набрзо истото целосно ќе се опорави. 

 

 
12.03.2014 - 17:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега