Киргистан не го признава Јанукович за легитимен претседател на Украина
За Киргистан Виктор Јанукович не може да биде легитимен претседател на Украина од повеќе причини.
- Eдинствената власт во државата е народот. Претседaтел кој целосно загубил доверба кај народот, е лишен од претседателски надлежности, а меѓу другото и избегал од државата, не може да биде легитимен, се вели до соопштението на киргистанското МНР.
Тоа е став кој го делат повеќе држави од Заедницата на независни држави (ЗНД).
Киргистан повикува на брзо смирување на ситуацијата преку дијалог и преговори со почитување на нормите на меѓународното право и Повелбата на ОН.
12.03.2014 - 16:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа