Најмалку едно лице загина а 16 се повредени при уривање на две станбени згради

 

Најмалку едно лице загина а 16 се повредени при уривање на две станбени згради по силна експлозија во источен Харлем, Њујорк, јави американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Како што пренесува телевизијата неколку минути пред експлозијата, станари од зградите пријавиле до надлежните служби истекување на гас. Од експлозијата уништени се автомобили и искршени се прозорци на соседните згради.

Голем број пожарникарни екипи пристигнаа на местото на инцидентот и се обидуваат да го изгаснат огнот.

12.03.2014 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега