Илма се огласи на Фејсбук по коментарите на Кики
Откако сите медиуми пишуваа дека 13 - годишната учесничка на Икс фактор Илма Карахмет му свртела грб на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ и не присуствуваше на неговиот концерт во Тузла таа се огласи на социјалните мрежи бранејќи се дека не го „откачила“ Кики туку била спречена да присуствува на концертот.
- Не е вистина дека го „одбив“ Кики, едноставно не бев во можност да присуствувам на настапот. Чудни медиуми, напишала Илма која деновиве со своите коментари кон Емина крена голема прашина.
За потсетување, Кики истакна дека не ланира да соработува со Илма по ова што го направила.
12.03.2014 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа