Оние со висок коефициент на интелигенција имаат поголеми проблеми во сексот
Интелигенцијата и сексуалноста тесно се поврзани. Жените со висок коефициент на интелигенција и повисоко образование се помалку успешни во кревет од тие со просечни интелектуални способности е заклучок од студија која ја претставија јужноамерикански лекари, специјалисти и научници на 16 светски конгрес за гинекологија и ендокринологија кој неодамна заврши во Фиренца.
Клиничките искуства во студијата Ниската сексуална желба и интелигенцијата, ги обедини и ги претстави тим од лекари од Буенос Аирес, кој го води др. Адриана Виларино Адриана и др. Фернандез Џ. Лиу.
Секс до крајот на животот
Во изработката на студијата учествувале 165 жени на возраст од 45 до 75 години кои биле подложени на прегледи, па потоа пополнувале многу тестови. Се работи за жени во менопауза и постменопауза кои немаат гинеколошки и психолошки, како и психијатриски болести, сексуално се активни и не конзумираат дроги или алкохол. Сите секако биле и на тест за интелигенција Домино Д48, со кој им се одредил нивниот IQ.
Споредувајќи ги резултатите, лекарите и научниците пронашле врска меѓу недостигот на уживање во сексот и нивото на интелигенцијата. Поточно, колку IQ бил повисок, толку нивото на задоволството во сексуалните односи било помало.
Тоа најново истражување кое стигнува од јужноамериканскиот континент, лесно може да се вклопи во многу веќе постоечки студии во Европа и Америка. Во западните земји, на пример, просечниот животен век е се подолг и во последните 30 години на истражувања и следење на животните, здравствените и сексуалните навики, се покажало дека големо мнозинство на жени, ја дочекуваат зрелата и постарата возраст во доволно добро здравје, па поради тоа остануваат сексуално заинтересирани и активни. Некои од нив и до крајот на животот.
Познато е дека пречки во смисла на ниското либидо имаат околу седум отсто жени во САД и 17 отсто во Велика Британија – објаснува проф. др. Дражен Постружник, специјалист по гинекологија и опстетриција, како и независен консултант кој ни се јави од Светскиот конгрес во Фиренца, каде го слушал излагањето на колега од Буенос Аирес:
- Податоците од ова истражување во Аргентина се вклопиле во тие вредности – додава тој.
- Испитана е фреквенцијата на половите односи, а тоа е еден од два пати на ден, степенот на сексуалната инхибиција, квалитетот или постигнувањето на оргазам. Од резултатите е заклучено: колку е повисок коефициентот на интелигенцијата на жената, толку е поголем степенот на пречки во нејзината сексуалност, оргазмот и е со лош квалитет, а често и не го постигнува – ги пренесува проф. Постружник резултатите од студијата.
- Тој феномен секако е резултат на многу фактори, а наодите од студијата се објаснуваат со комплексноста на размислувањата на испитаничките со повисок степен на интелигенција. Колку во нив е посилна одредена психолошка напнатост, толку концентрацијата на основните детали на половиот акт е помала, па како последица на тоа се јавуваат пречки на возбуденост и непостигнување на целосен оргазам – објаснува проф. Постружник. Со лаички зборови: интелигентните жени и во однос на сексот, премногу мислат и се загрижени за се, а премалку чувствуваат.
Очекувањата на зрелите жени
Но, сексуалната желба, посебно во зрели години, порачуваат научниците од конгресот во Фиренца, тесно е поврзана и со цела низа објективни пречки кои не треба да се занемарат. Тоа во прв ред се почетокот и траењето на менопаузата, стандардот, нивото на животните фактори, стресот и социјалните елементи.
Др. Горан Арбанас, единствен специјалист по сексуална медицина во Хрватска, инаку психијатар и сексуален терапевт, смета дека ваквите резултати прилично се спротивставени на тие кои се спроведени кај нас. Но, во Хрватска во слични истражувања била вклучена помладата популација, а резултатите покажале дека сексуалната успешност и задоволството почесто се поврзани со помалку интелигентните лица, но и тие со исклучително висок степен на интелигенција.
- За жал, немам доволно податоци да ја коментирам оваа студија, но таа е многу интересна. Треба да се земе предвид дека се работи за зрели жени кои имаат поинакви очекувања кога се работи за сексуалниот чин – објаснува др. Арбанас.
Вечерњи лист
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа