„Малезијан Ерлајнс“: Нема основа да се верува дека екипажот е виновен за несреќата

Од авиокомпанијата „Малезијан Ерлајнс“ изјавија дека нема основа да се верува дека нешто или какви  дејствија на екипажот се причина за исчезнувањето.

Потрагата по авионот продолжува денеска во поширок периметар во регионот од Кина до Андаманското Море.

Малезија побарала од Индија да и помогне да го локализира исчезнатиот авион, се наведува во соопштение на индиското Министерство за внатрешни работи. Засега се уште не е одлучено во кои региони на Индија ќе почне истрагата.

Ова е петтиот ден од потрагата по авионот со 239 патници.

12.03.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега