Семејството Кардашијан ги измами фановите- куќата во шоуто е лажна

Куќата во која живеат Кортни и Скот во реалното шоу " Keeping Up With the Kardashians" е лажна и не е вистинскиот дом на брачниот пар.

Неодамна се испостави дека куќата во која се снима познатото реално шоу не му припаѓа на семејството Кардашијан а сега излезе на виделина и тоа дека ниту домот на Кортни и нејзиниот сопруг не е навистина нивни.

Ова лажно претставување на домот на семејството е неопходно поради сигурноста на семејството и избегнувањето на голем број обожаватели кои би доаѓале пред куќата.

"За потребите на снимањето на реалното шоу го користиме ентериерот  на нашата куќа, но екстериерот не можеме да го откриеме па она што го прикажуваме на ТВ е изнајмено вели Кортни и додаде дека тоа го направиле исклучиво поради безбедноста на семејството бидејќи на почетокот кога го прикажале вистинскиот дом обожавателите постојано ѕвонеле на нивната врата и Ким буквално не можела да се одбрани при што морала да реагира и полицијата.

12.03.2014 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега