Одлични резултатите од откупно-преработувачката индустрија

Во откупно-преработувачката дејност имаме одлични резултати. Фактот дека компаниите од Македонската асоцијација на производители пласираат дури 53 отсто од вкупниот извоз во земјите членки на ЕУ е доказ за имплементацијата на ЕУ стандардите во производството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на откупно-дистрибутивниот центар „Алтра“ во Гевгелија.

- Целта е да ги задржиме постоечките пазари и да освоиме нови. За тоа треба многу труд во јакнењето на дијалогот меѓу преработувачите и производителите, дополнителен анагажман во маркетингот и генерално осовременување на производството, нагласи Димовски, додавајќи дека во оваа насока  се и измените на ИПАРД програмата.

Сопственикот на „Алтра“ Трајко Алчинов информира дека се во тек подготовките за претстојната откупно-производна сезона во која исто како лани 95 отсто од производството ќе биде наменето за извоз. - Суровините за производство ги обезбедуваме со откуп на вишок производи, но проблем е несоодветната координација со производителите, рече Алчинов и од министерот Димовски побара да се заложи соработката со примарниот сектор да биде многу поблиска.

12.03.2014 - 13:30
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега