Хирург пронашол 600 грама кокаин во стомакот на пациент
Француски хирург пронашол 600 грама кокаин во утробата на пациент кој го оперирал поради силни болки во стомакот.
Поради интензивни болки во стомакот пациентот кој остана анонимен бил примен во болницата во францускиот град Крези.
При операцијата хирургот во утробата на пациентот пронашол 600 грама кокаин во кесички. За ова болницата веднаш ја известила полицијата а веднаш по операцијата пациентот признал дека бил во Јужна Америка и ја проголтал дрогата за подоцна да може да ја продаде во Франција. Ваквиот начин на шверц на дрога е честа појава во Франција, а дилерите можат вака да ја носат дрогата и по неколку години без притоа да јадат туку смеат да конзумираат само вода., но доколку некое од пакувањата пукне тоа може да предизвика сериозни последици по здравјето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа