Мачорот ги "заробил" во соба па морале да повикаат полиција

 

Домашните миленичиња не се секогаш така мирни мили и питоми животни, а тоа на своја кожа го доживеа и едно семејство од Торонто.

Како што пренесува Global News, исплашените сопственици биле приморани да повикаат полиција, бидејќи биле нападнати од нивниот мачор.

Парот бил приморан да повика полиција во моментот кога страшниот Лукс, кој е тежок само 11 килограми, го нападнал нивното седум месечно бебе .

"Заробени сме во соба, тој не ни дозволува да излеземе надвор. Се обидува да не нападне", објаснил сопственикот на злобниот мачор.

Полицијата дошла на помош и ги ослободила заробените Канаѓани, кои и покрај овој инцидент, одлучиле да го задржат Лукс како свое милениче.

12.03.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега