ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Ѓорѓе Иванов до ДИК

Со неколку кутии, полни со списоците од потписите на повеќе од 60.000 граѓани, владејачката ВМРО-ДПМНЕ предмалку ја достави кандидатурата на Ѓорѓе Иванов за нов претседателски мандат до Државната изборна комисија.

Вчера до ДИК своите 10.000 потписи заедно со кандидатурата за Зоран Поповски, ја достави и партијата ГРОМ. Во текот на денешниот ден официјално своето учество на претседателските избори со поднесување на кандидатура до ДИК трба да го потврди и ДПА. Според информациите од партијата, потписите за Илијаз Халими до централата во ДИК ќе бидат доставени до 13 часот. 

Сеуште нема информации  кога СДСМ ќе ја достави кандидатурата за стево пендаровски кој на овие избори ќе биде единствен кандидат кој нема собрано 10.000 потписи. Процедурата вели дека сега ДИК треба да ги обработи списоците и да ја провери автентичноста на потписите.

Последниот рок за доставување кандидатури истекува утре на полноќ.   

12.03.2014 - 11:59
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега