Во затвор поминал цели 26 години очекувајќи да го егзекуираат но на крајот го ослободиле
Шеесет и четири годишниот Глен Форд кој минал речиси 26 години во очекување да му биде извршена смртната казна, која му беше изречена, беше ослободен од затворот во американската сојузна држава Луизијана.
Тој бил прогласен за виновен во 1984 година за убиство на златар и осуден на смрт.
Од август 1988 година тој го очекувал извршувањето на казната.
Форд негираше дека го извршил убиството.
Оваа недела судот ја прогласи за неважечка пресудата на Форд, врз основа на новата информација за поддршка на тврдењето дека не е вмешан во смртта на златарот.
На прашањето дали чувствува незадоволство од тоа дека бил погрешно лишен од слобода тој изјави: „Да, затоа што бев затворен повеќе од 30 години за нешто што не сум го сторил“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа