Полицијата фати двајца скопјани по кои трагала долго време

 

СВР Скопје го лиши од слобода 25-годишниот Мартин Н. од Скопје,  кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело “oштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. 

Исто така, во текот на вчерашниот ден, полицијата го лиши од слобода и 38-годишниот Ѓоко П. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторено кривично дело “oштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. 

12.03.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега