Шок: Во ист ден дознала дека сопругот и починал и дека бил оженет со друга

 

51-годишниот ирски финансер Лијам Коулан вработен во светската банка во Австралија наеднаш умрел, оставајќи ги зад себе двете жени со кои имал и деца. Една од нив е Линда(47) која случајно дознала дека сопругот предходно и бил женет откако му се јавила во неговата канцеларија во Виена

Најпрво рецепционерот на банката и рекол на Линда дека Лијам е мртов и дека најверојатно се работи за природна смрт која воедно ја потврдила и полицијата која отишла во неговиот стан откако тој не се појавил на работа.

“ После тоа ми дадоа да разговарам со некој кој одбиваше да прифати дека ја сум му сопруга на Лијам и за ситуацијата да биде уште полоша тој ми рече дека вдовицата веќе била известена за смртта на Лијам. Бев упорна но соговорникот се однесуваше како да сум луда и ме замоли да не ѕвонам повеќе” раскажува Линда.

Тамошната полиција потврди дека веднаш по утврдувањето на смртта на Лијам ја известиле неговата втора сопруга кој исто така живее во Ирска.

Лијам со првата сопруга Линда имал два сина додека пак со другата жена со која се оженил пред неколку години имал една ќерка. Двете жени очигледно незнаеле една за друга,  а во канцеларијата во Виена  никој не знаел никакви информации за првата жена на Лијам.

“Кај него на работа никој не ми веруваше дека сум му сопруга и ми рекоа дека тие ја познаваат лично неговата сопруга а тоа не сум јас, очигледно тој не ме ни споменал” вели Линда.

Таа и Лијам веќе подолго време не живееле заедно но тој одбивал да и даде развод, веројатно за да не го дели имотот кој го стекнал додека работел во банката.

 

 

12.03.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега