Голема полициска акција го тресе Куманово: Првоосомничениот се качил на покрив и одбил да се предаде

 

Голема полициска акција утринава го тресе Куманово. Како што дозна Пресс24, се работи за голема група која се занимавала со разни кривични дела, почнувајќи од недозволена трговија со дрога, лихва, па и перење пари. Групата функционирала подолго време, а по акцијата „Пепел“ го презела и теренот на Бајруш и започнала со уште посурови методи.

Првоосомничениот во оваа голема полициска акција која го тресе Куманово се обидел да избега, па се качил покрив на куќа и подолго време одбивал да се предаде на полицијата.

Детали се очекуваат во текот на денот.

12.03.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега