Постојат сведоци за падот на малезискиот авион?
Дваесет и деветгодишниот Малезиец, Алиф Фатхи Абдул Хади тврди дека во саботата ноќта го видел авионот на „Малезија ерлајнс“ како паѓа во Јужното кинеско море.
Момчето тврди дека саботата ноќ во 1,45 часот по локално време на небото видел „силна светлина како со голема брзина се движи надолу“ односно кон Јужното кинеско море над кое во 1,41 часот истата ноќ последен пат на радарот е виден мистериозно исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“.
Ако како што тврди Алиф тоа навистина бил „боинг“-от со 239 патници и членови на екипажот тогаш авионот бил неколку километри северно од својата зацртана рута по која што тргнал од Куала Лумпур кон Пекинг.
Да потсетиме дека авионот на „Малезија ерлајнс“ кој летал од Куала Лумпур кон Пекинг исчезна во саботата а последниот контакт со контролорите на летот авионот ги остварил кај источниот малезиски град Кота Бар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа