"Така не се однесува мајка и нормална жена" - Дара Бубамара се разведува поради разголените фотографии!

 

Фотографиите кои дојдоа до јавноста на кои се гледа српската пејачка Дара Бубамара целосно гола додека се тушира, и го растурија брачниот живот.

Милан Кесиќ, сопругот на Дара, толку многу се разгневил поради овие фотографии што веднаш и се јавил на сопругата и и рекол дека не сака повеќе да живее со неа.

- Милан полуде кога ги виде голите фотографии на Дара. Посебно го изнервира фактот што ги виде цела јавност, па така брзо можат да стигнат и до очите на негоивот малолетен син. Сешто и изнакажа, беше многу бесен, вели извор за Курир.рс.

Сопругот на Дара постојано извикувал Така не се однесува мајка и нормална жена!

Веднаш по разговорот со сопругот пејачката започнала да плаче и да се јавува на своите пријатели на кои им кажала дека не знае како тие фотографии завршиле во јавноста бидејќи биле направени на шега.

 

 

12.03.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега