Обама денеска во Белата куќа ќе го прими новиот украински премиер
Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа ќе го прими новиот украински премиер Арсениј Јацењук.
Претстојната средба е симболичен гест, што има за цел да ја потврди про-западната ориентација на новите украински власти.
Јацењук е на неколкудневна посета во САД , пред закажаниот за во недела референдум за приклучување на Украинската Автономна Република Крим кон Русија
Имено САД, ЕУ и новите украински власти референдумот го оценуваат како незаконски.
12.03.2014 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа