Буркхалтер: Референдумот на Крим е незаконски- ОБСЕ нема да прати набљудувачка мисија
Шефот на (ОБСЕ) и министер за надворешни работи на Швајцарија, Дидие Буркхалтер изјави дека нема да прати набљудувачка мисија за референдумот во Крим, планиран за 16 март бидејќи како што вели тој е незаконски.
- Во сегашната форма референдумот е во спротивност со украинскиот Устав и треба да се смета како незаконски, наведува во соопштението Буркхалтер, чија земја е актуелен претседавач на ОБСЕ.
Toj исто така, ја исклучи можноста за набљудување од ОБСЕ на закажаниот референдум, бидејќи тој не ги исполнува основните критериуми според уставната рамка.
12.03.2014 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа