Кики „удри“ по Илма: Таа е последната со која би работел
Илма Карахмет не се појави на осмомартовскиот концерт во Тузла на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ, иако беше најавена како специјален гостин.
Иако менторот на Илма прво тврдеше дека таа била неправедно елиминирана, сега вели дека го променил мислењето откако ги видел гласовите на публиката.
- „Гледачите гласаa за Маид Хечимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Ја сакаа првата награда. Илма е талентирана, но првото место би било нереално доколку се види нејзиниот број на гласови, вели Лесендриќ.Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, а сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би работел. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас“ вели Кики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа