Бекам: Пред снимањето на сплетки бев многу нервозен и не можев да заспијам

 

Познатиот поранешен фудбалер Дејвид Бекам откри дека една ноќ пред да го сними својот дел во серијата „Сплетки“ бил многу нервозен и не можел да заспие.

Триесет и осумгодишниот Бекам е ѕвезда на специјалното издание на серијата во која по првпат, по десет години повторно ќе се обединат Дел Бој (Дејвид Џејсон) и Родни (Николас Линдхурст).

Тој раскажа како ноќ пред снимањето си легнал со намера да го усоврши текстот, а наредното утро се разбудил со сценариото покрај себе.

- Поради самата помисла дека на сетот ќе бидам со Дејвид и Николас бев нервозен. Бев изненаден што добив толку простор во серијата. Никогаш претходно не сум направил нешто вакво, особено не со луѓе кон кои чувствувам голема стравопочит, открива Дејвид.

После снимањето Бекам изјави оти сега може да умре како среќен човек.

11.03.2014 - 19:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега