Малезиската армија му влегла во трага на исчезнатиот авион
Малезиската војска верува дека преку радар денеска му влегла во трага на исчезнатиот авион „Боинг 777-200“ над Малакскиот проток, соопшти воен извор.
Ова не е многу подалеку од местото каде за последен пат авионот стапил во контакт со аеродромските контролори пред четири дена.
- Авионот го смени курсот по Кота Бар и се спушти на помала височина. Успеа да влезе во Малакскиот проток, истакна малезиски воен претставник, кој е задолжен за информирање во врска со истрагата.
Авиокомпанијата „Малезијан Ерлајнс“ во саботата соопшти дека авионот, во кој се наоѓале 239 патници и членови на екипажот, еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг последниот контакт со контролорите на летот го остварил кај источниот малезиски град Кота Бар.
Во отсуство на какви било информации за исчезнатиот авион, полицијата детално ги разгледува и профилите на патниците и екипажот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа