Кратовчанец минирал карпа за да си направи пат до викендицата
На местото викано Ох Мегдан, кратовско, кратовчанец минирал карпа за да си направи пат до викендицата. Се работи за 46-годишниот О.Т. кој за да го добие она што го сака ги ангажирал 55-годишниот М.С. и 56-годишниот С.Ј. кои извршиле две минирања на карпа.
По предходно добиена наредба од Основен суд Кратово извршен е претрес во домот на М.С. каде што се пронајдени и одземени околу 3,8 килограми експлозив Амонит, 546 петарди, како и спорогоречки и детонаторски фитили.
Лицата ќе си заработат соодветна кривична за делото кое го направиле.
10.03.2014 - 15:10
Фото:
википедија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа