На Есма и се слошило на Евровизија - интервенирале лекари

 

Нашата претставничка Есма Реџепова не била рамнодушна при објавувањето на резултатите од втората полуфинална вечер на Eвросонг. Според српски Курир тензијата и исчекувањето Есма ја чинеле здравје, пишува поратлот МојаТв повикувајќи се на српски Курир

Имено само десеттина минути по објавувањето на финалистите и сознанието дека Македонија не влезе во финалето, на Есма и се качил притисокот, по што веднаш било интервенирано, а според порталот кралицата на ромската музика наводно се консултирала и со лекар.

Сепак, српски „Kурир” нагласува дека Есма во текот на вчерашниот ден била во добра здравствена состојба и подготвена за враќање во Македонија.

најчитано сега