„Чкембарите“ ги искршиле тоалетите на арената „Филип Втори"

Во текот на вчерашниот ден во Скопје, во арената „Филип Втори Македонски“, „Чкембари“ и „Комити“ дивееле за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје.

Чкембарите со употреба на сила ги искршиле вратите на тоалетите, а од страна на навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ биле запалени пиротехнички средства. По завршување на натпреварот околу 18 часот и 30 минути по претходна пријава за нарушен ЈРМ со тепачка помеѓу група на лица на “Кеј Димитар Влахов” затекнат е 19-годишниот Д.С. од Скопје кој заработи соодветен поднесок за недостојно однесување на спортски натпревари.

Исто така, на булеварот “11 Октомври” во автобус на ЈСП со број 24 затекнати се 18-годишниот Т.Т. и 16-годишниот  Х.Г. од Скопје коиго нарушиле јавниопт ред и мир по натпреварот.

10.03.2014 - 13:13
Фото: 
екипа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега