Крадците не запираат - украдени компјутери од две училишта

 

Крадците не мируваат. Ограбени се две основни училишта од кои едното во Копаница скопско, а другото во Гази Баба.

Според податоците од полицијата, во првиот случај засега непознат сторител влегол во  „Дрита“ во Копаница, скопско, и од училница од вториот кат одзел шест компјутери „хариер“. 

Во вториот случај во полициската станица Гази Баба било пријавено дека на улицата „Сречко Пужалка“ во ОУ „Крсте Мисирков, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел три компјутери.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

10.03.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега