Крадец заминал од куќа во Битола побогат за половина милион денари

 

Крадец заминал побогат за половина милион денари по тешката кражба која вчера се случила во куќа на улицата Девејани во Битола. Како што соопшти полицијата, крадецот насилно го отворил прозорецот и зел златен накит, 3000 евра во кеш и околу 800 долари и 70 швајцарски франци по што побегнал. Оштетениот Ѓ.О (43) слуајот го пријавил во полиција од каде иформираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

10.03.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега