Исцрпени се ресурсите на пожарникарите: Жителите на Лос Анџелес и се лутат на градоначалничката
Осигурителната компанија „Стејт фарм“ пролетва реши да ги откаже полисите, а жртви на ова политика во моментов се околу 1.600 домови, токму во Пацифик Палисадес кој е во оган. Образложението за овој потег, како што објави „Њусвик“ е зголемената загриженост од зачестеноста и обемот на шумските пожари во државата. Одлуката беше објавена во март, со најава дека ќе се укинат 72.000 полиси за имот во Калифорнија, од кои 30.000 се полиси за осигурување на домовите, објави „Лос Анџелес Тајмс“
Во шумските пожари, кои во вторникот го зафатија Лос Анџелес и до вчера не беа ставени под контрола, загинаа најмалку пет лица, а бројката на евакуирани се искачи на над 100.000. Уништени се стотици домови, меѓу кои и на познати холивудски актери и американски пејачи вредни милиони евра, а пожарот го зафати и Холивуд Хилс.
-Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат околу Лос Анџелес се искачи на најмалку пет и може да биде поголем – изјави шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна.
Во тридневната битка со огнот исцрпени се и ресурсите на противпожарните служби, поради што тие се потешко се справуваат пламените јазици кои се шират со голема брзина поради силните ветришта. Луѓето се обидуваат да избегаат од областа во која поради густиот чад тешко се дише.
Својот гнев за оваа катастрофална ситуација жителите на Лос Анџелес го насочија кон градоначалничката Карен Бас, која ја сметаат за одговорна за пеколот што го предизвикаа пожарите. Тие веруваат дека еден нејзин потег ги намалил шансите на пожарникарите да се борат со шумските пожари. Неколку месеци пред да избијат пожарите во градот таа го намалила буџетот на противпожарната служба за 17,6 милиони долари. Ова драстично кастрење на буџетот е второто по големина што го направила градоначалничката за фискалната 2024/25 година, пишува „Њујорк пост“. Во исто време, буџетот на полицијата е зголемен за 126 милиони долари, покажува графиконот што го сподели градскиот контролор во Лос Анџелес. Според „Њујорк пост“, градоначалничката Бас планирала и дополнително намалување на буџетот за пожарникарите, што ги налутило граѓаните. Градоначалничката на Лос Анџелес е на јавна осуда и поради тоа што била во Африка на инаугурација на претседателот на Гана кога избувнаа пожарите.
Додека пожарникарите немоќни да ги спасат куќите се борат само да го локализираат пожарот, на површина излегува прашањето за отштетата. Приватната американска метеоролошка агенција „АкуВедер“ процени дека досега материјалната штета изнесува околу 50 милијарди долари. Дел од објектите имаат полиси за осигурување и нивните сопственици ќе бидат обесштетени, но дел ги немаат и тоа не по своја вина. Осигурителната компанија „Стејт фарм“ пролетва реши да ги откаже полисите, а жртви на ова политика во моментов се околу 1.600 домови, токму во Пацифик Палисадес кој е во оган. Образложението за овој потег, како што објави „Њусвик“ е зголемената загриженост поврзана со зачестеноста и обемот на шумските пожари во државата. Одлуката беше објавена во март, со најава дека ќе се укинат 72.000 полиси за имот во Калифорнија, од кои 30.000 се полиси за осигурување на домовите, објави „Лос Анџелес Тајмс“. Откажувањата стапија на сила во текот на летото. И други осигурителни компании ја следеа одлуката на Стејт Фарм, што резултираше со значителна криза за осигурување на куќите во државата бидејќи жителите беа ограничени во нивните опции.
Актуелните разорни шумски пожари кои беснеат низ Лос Анџелес повторно ја отвораат дебатата за тоа како да се моделира и управува со ризикот за осигурителната индустрија, бидејќи климатските промени ги прават овие катастрофи сè почести. Некои пазарни експерти предупредуваат дека државата можеби ќе треба да размисли да стане примарен осигурител за ризик од пожар, како што го направи тоа со земјотресите и со ураганите во Флорида.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа