Хорор го потресе Балканот: Мајка си ги избодела до смрт трите ќерки

Триесет и осум годишна Албанка, Едлира Добруши вчера со нож до смрт си ги избодела трите малолетни ќерки: Симона(13), Кеси(10) и Сидни(3) .

Кога карабињерите дошле во нивниот стан во периферијата на градчето Лечо,  мајката изјавила дека ги убила своите деца за да ги спаси од очајничкиот живот што ги очекувал во иднина.

За убиството полицијата била известена од роднини на семејството Добруши, кои ги слушнале очајничките повици на девојчињата за спас од разгневената мајка.

„Кога полицијата стигнала во малиот стан каде живеела разведената жена, карабињерите се сочиле со сцена од хорор филм, зашто се било прекриено со крв. Откако ги убила девојчињата едно до друго ги легнала на кревет а таа со рана на раката и вратот во состојба на шок била легната пред влезната врата на станот, јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми.

Таткото на девојчињата, Башким Добруши, завчера тргнал за Албанија а за трагедијата го известила албанската полиција веднаш по симнувањето од траектот во Драч.

Сопружниците формално биле разведени во септември лани, додека официјално минатиот месец.

Башким Добруши петнаесет години живеел во Италија и работел во претпријатие за метали, каде на колегите им кажувал дека се разведува од жената поради кризите на депресија кои во последно време се појавувале кај неа.

Во едно село од околината на Кукс таткото, дошол со намера да ја посети мајка си и да и ги објасни причините за разводот со Едлира.

Во една порака на Фејсбук мајката убиец напишала„ Девојчињата се целата моја сила“.

10.03.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа