Трагедија во Штип: Пациент паднал од болничка тераса и починал
Пациент од пробиштипското село Трооло кој се лекувал на нервното одделение во Штип бил пронајден мртов на плочникот под болничката тераса висока десетина метри. Како што пишува Вест, се работи за 51-годишниот Р.Т: од Пробиштип чие безживотно тело го забележале ученици кои случајно поминувале на местото на настанот.
Падот се случил во моментот кога персоналот се наоѓал на доручек, при што пациентот ја искористил приликата и излегол без да биде забележан од никого.
Истрагата треба да потврди дали пациентот кој не бил тежок случај, но имал сериозни семејни проблеми сам се фрлил од терасата или пак се работи за нешто друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа