Хејг: Русија направи „погрешни сметки“ со своето навегување во Крим

Русија направи „погрешни сметки“ со своето навегување во Крим изјави британскиот министер за наворешни работи Вилијам Хејг.

Во разговор за Би-Би-Си,министерот Хејг  предупреди дека западните земји може да воведат далекусежни економски санкции, доколку не се најде дипломатско решение меѓу Русија и Украина,  нагласувајќи дека ЕУ би можела да го редуцира руското (економско) влијание врз Унијата.

Откако САД предупредија дека евентуалната „анексија на Крим ќе значи затворање на вратата за дипломатијата, шефот на британскиот Форин Офис најави нови разговори со американскиот државен секретар Џон Кери,

Новите проруски власти во Крим соопштија дека на 16 март ќе се организира референдум за тоа дали луѓето сакаат да се отцепат од Украина и да се припојат кон Русија. Според Хејг, станува збор за „бесмислено избрзано решение“ затоа што светот не ќе може да утврди дали изјаснувањето на луѓето ќе биде слободно и фер.

- Мислам дека е погрешно ако Русија мисли дека победила во некоја смисла, затоа што тоа, со текот на времето ќе се претвори во тешка грешка, рече министерот Хејг.

Тој додаде дека ЕУ би можела да ја редуцира својата побарувачка на нафта и гас од Русија, а потоа и да се преориентира на користење на гас од САД.

Но и покрај оваа изјава британскиот министер ја отфрли можноста од каква било војна со Русија, но предупредува на опасноста од избувнување на воени судирања на територијата на Крим.

10.03.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега