Албанка си ги заклала трите малолетни ќерки

Неименувана Албанка во Италија е уапсена откако признала дека со нож ги убила своите три ќерки стари 14, 10 и 3 години.

Телата на девојчињата биле пронајдени во семејниот стан во местото Леќо на Езерото Комо во Ломбардија.

Жената неодамна се развела од мажот, кој исто така е Албанец, а истата е пронајдена како се шета на улица во шок и со рани на рацете.

09.03.2014 - 22:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа