Груевски: СДСМ е во ситуација да понуди се и сешто - свесни се дека ќе изгубат

 

Кога знаеш дека губиш, многу е полесно да даваш ветувања кои што нема да бидеш во состојба да ги исполнуваш. Ние мораме да деадеме ветување кое сме сигурни дека ќе го исполниме, иначе ќе го загубиме лицето – посочи премиерот Никола Груевски на неговото последно гостување во шоуто на Миленко Неделковски.

Говорејќи за субвенциите во земјоделството, Груевски рече дека можеби сега СДСМ на изборите ќе излезе и ќе рече дека ќе даде 300 милиони евра, ама треба да најдат некој д и м верува, бидејќи во нивно време се одвоени едвај 5 милиони евра.

-Досега никој нема дадено посилна поддршка, има само говорено дека ќе даде поддршка, но кога бил на власт, не дал посилна поддршка. Еве да речеме СДСМ, во сите години додека беше на власт, ниту еднаш немаше планирано пари за субвенции за земјоделците. Се случи само еднаш кога имаше тешки демонстрации во Скопје пред Владата, пред изборите во 2006 година, и тогаш најдоа некои 5 милиони евра, им дадоа и тоа се, рече Груевски.

Тој додаде дека тие за оваа година имаат планирани 140 милиони евра, додека лани 135 милиони евра.

- Тоа е една сосема различна политика и сега можеби СДСМ на изборите ќе излезе и ќе рече дека ќе даде 300 милиони, малку се 150 милиони, ама треба да најдат некој да им верува. Тие се во ситуација да понудат сѐ и сешто, знаат дека ќе изгубат, свесни се, иако говорат дека ќе победат. Тие интимно во себе се свесни, таму има луѓе кои се долго во политката. Кога знаеш дека губиш многу е полесно да даваш ветувања кои што нема да бидеш во состојба да ги исполнуваш. Ние мораме да деадеме ветување кое сме сигурни дека ќе го исполниме, иначе ќе го загубиме лицето, рече Груевски.

Премиерот Груевски нагласи дека претходно субвенции немаше, земјоделците беа оставени на маргините на општеството.

09.03.2014 - 22:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега