Инцидент во Скопје: Чкембарите излегле од возот и кршеле се пред себе

 

Поголема група навивачи на Пелистер вечерва околу 20 часот се симнале од возот со кој се враќаа за Битола по мечот против Вардар и почнале да дивеат. Како што дознава Press24 од полицики извори, инцидентот се случил во наслебата Лисиче. Кога возот застанал, поголема група Чкембари излегле и со разни предмети почнале да фрлаат кон паркираните возила на улицата Мите Богоевски и на булевар Србија, при што оштетиле неколку приватни автомобили и неколку куќи. Полицијата е на терен, ситуацијата е ставена под контрола.

09.03.2014 - 21:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега