ДОМ со поддршка за кандидатурата на Иванов

 

Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска одлучи да ја поддржи кандидатурата на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат.

- Во изминатиот петгодишен период тој покажа одговорен и посветен однос кон државните работи и нашата поддршка се базира на тоа, изјави претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, истакнувајќи дека ќе бараат негов посилен ангажман за заштита на животната средина.

Партијата, додаде, дебатира и за настапот на предвремените парламентарните избори.

- Продолжуваат консултациите со општинските организации и во најкраток период ќе ги заокружиме, а на следен Централен одбор ќе ја донесеме конечната одлука за настап. Појдовна точка за нашата одлука е потребата за појак глас на зелените во македонскиот Парламент, рече Поповска.

Според Поповска, 25.000 гласови добиени на локалните избори се голема обврска за партијата да го засили зелениот глас во Собранието.

09.03.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега