“Летаат“ парични казни и откази за непослушните полицајци во МВР

 

Во текот на изминатата недела, Министерството за внатрешни работи казнило 12 свои вработени за кои било утврдено дека сториле повреди во работењето.

Девет вработени заработиле парични казни, додека на двајца вработени им била изречена мерка  - “запирање на постапката“, Еден вработен заработил отказ.

Еве што згрешиле вработените во МВР: 

Р.Л. полицаец во ПС ОН Струга, изречена му е мерка “парична казна“  (се оглушил на наредбата на помошник командирот);

Б.Л. полицаец во ПС ОН Струга, изречена и е мерка “парична казна“  (се оглушила на наредбата на помошник командирот);

О.В. полицаец во ПС за ГП и ГН „Ново Село„ изречена му е мерка “парична казна“  (дозволил излез на ПМВ, за кое имало телеграма да се задржи);

И.А. водич на безбедносен реон„ во ПС за БПС Битола изречена му е мерка “парична казна“(пушел во канцеларија);

Џ.Ф. водич на безбедносен реон„ во ПС за БПС Битола изречена му е мерка–  “запирање на постапката“(неутврдена одговорност);

М.Ј. инспектор за превенција по сообраќајни работи во СВР-Тетово изречена му е мерка “парична казна“(Придонел да настапи апсолутна застареност на рокот за донесување на решение) ;

С.А. водич на безбедносен реон во ПСОН-Велес изречена му е мерка “парична казна“ (Омаловажувал и навредувал даночни контролори) ;

О.М. полицаец во ПСОН-Крива Паланка изречена му е мерка “парична казна“ (Не се придржувал на утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време) ;

А.Н. главен полицаец за операции во Единица за специјални задачи изречена му е мерка–  “отказ“ (Неоправдано изостанал од работа три последователни дена) ;

Р.М. виш инспектор за општ криминалитет во СВР Битола изречена му е мерка “парична казна“ (не поднел на време кривични пријави против сторители на кривични дела) ;

А.С. полицаец во Единица за надврешно обезбедување на објекти изречена му е мерка “парична казна“ (при извршена контрола било констатирано дека со себе не ја носел резервната рамка со куршуми) ;

А.Х. главен инспектор во Одделение за потраги во СМПС изречена му е мерка–  “запирање на постапката“ (нема повреда);

 

 

 

 

 

 

09.03.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега