Хоџај: Односите со Србија ќе се нормализирааат само ако таа ја признае независноста на Косово

 

До целосно нормализирање на односите со Србија може да се дојде само откако таа ќе ја признае независноста на Косово изјави косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.

Toj за време на својата посета во Берлин и средбите со пратениците од Бундестагот, истакнал дека постојат пет чекори во процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Според него, првиот чекор е имплементирање на сите договори постигнати во дијалогот со Брисел.

Вториот е расформирање на српските нелегални структури на Косово од страна на властите во Белград. Следен чекор е интегрирање на српската заедница во косовските институции.

Четвртиот чекор, според Хоџај, е Србија да не го блокира членството на Косово во европските организации и ОН.

- На крајот треба да се случи меѓусебно признавање на Косово и Србија како две независни и суверени држави. Само со исполнување на овие услови можеме да зборуваме за нормализирање на односите, нагласи шефот на косовската дипломатија.

09.03.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега